Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска објавија дека еден од нивните тенкови случајно гранатирал египетска воена станица во близина на Керем Шалом, на тромеѓето со Појасот Газа.

ИДф изрази „жалење поради инцидентот“ и рече дека ќе биде истражен, пишува „Тајмс оф Израел“.

Претходно Ројтерс објави дека попладнево се слушнале експлозии и сирени на возила на брза помош во близина на граничниот премин Рафах меѓу Египет и Појасот Газа.

Експлозијата се случила веднаш откако друг хуманитарен конвој ја преминал границата од Египет, изјавија очевидци, пренесе Ројтерс.

Од почетокот на конфликтот на 7 октомври меѓу милитантниот Хамас и Израел, гранатирањето на преминот Рафах од Појасот Газа уништи згради и патишта, на кои им требаше поправка пред првиот конвој од 20 камиони да го премине Рафа во Газа во саботата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.