Цивилната одбрана на Газа соопшти дека 17 лица загинале денеска во израелски напад врз бегалскиот камп во Џабалија.

Бригадите Ал-Касам, вооруженото крило на Хамас, соопштија дека еден израелски војник бил убиен во борбите во областа Ал-Тавам, северозападно од градот Газа.

Околу 20 оперативци на Хамас биле убиени изминатиот ден во нова операција на израелската војска во Џабалија, на северот од Газа, соопшти израелската армија.

Израелската војска (ИДФ) информира дека вооружаните лица биле убиени во воздушни напади и борби од близина, додека трупите на 162. дивизија дејствувале во Џабалија. Армијата исто така пронашла и уништила складиште за оружје за време на борбите, соопшти војската.

ИДФ тврди дека во изминатото деноноќие се погодени 70 локации на Хамас низ целиот Појас Газа.

Најмалку седум цивили, вклучително и жени и деца, биле убиени во опколениот камп, потврдиле извори од блиската болница Камал Адван.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.