Најмалку 25 лица загинаа синоќа, а 50 се ранети во израелското гранатирање на шатори за раселените Палестинци северно од градот Рафа, соопшти Министерството за здравство на Газа и вработените во Итната помош.
Тоа е најновиот смртоносен напад врз малата палестинска енклава каде стотици илјади луѓе ги напуштија своите домови по конфликтот меѓу Израел и Хамас.
Портпаролот на цивилната одбрана во Рафа, Ахмед Радван рече дека очевидци им кажале на спасувачите за гранатирање на две локации во крајбрежна област полна со шатори, а Министерството за здравство соопшти дека многу луѓе биле убиени и ранети во нападите.
Нападите се случија во непосредна близина на безбедната зона одредена од Израел.
Израелската армија соопшти дека проверува што се случило во наведените координати.
Израел претходно бомбардираше локации во таканаречената хуманитарна зона во Муваси, рурална област на брегот на Средоземното Море каде во последните месеци беа подигнати шатори за раселените.
Нападите дојдоа додека Израел ја продолжува својата воена операција во Рафа, каде што повеќе од милион Палестинци избегаа од конфликтот во другите делови на Газа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.