Израел сè уште нема потврда дека потенцијалниот наследник на лидерот на Хезболах, Хашем Сафедин, бил убиен, соопштија денеска израелските власти.

Сè уште немаме потврда за тоа. Кога ќе биде потврдено, како и кога, информацијата ќе биде објавена на веб-страницата на израелската армија (ИДФ), изјави портпаролот на владата, Дејвид Менцер.

Сафедин наводно бил убиен во ист воздушен напад во Дахија, Бејрут, каде претходно овој месец беше убиен и долгогодишниот лидер на Хезболах, Хасан Насрала.

Иако либанските медиуми објавуваат дека Сафедин бил убиен, официјални потврди од Хезболах сè уште нема.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.