Израелските сили денеска посочија дека ја прошируваат својата копнена офанзива со нови напади врз централниот дел на Појасот Газа пред очекуваното гласање на Советот за безбедност на ОН за резолуцијата за зголемување на хуманитарната помош за Палестинците.
Во време кога се изјаловија надежите дека ќе се постигне договор за ново примирје на преговорите во Египет оваа недела низ палестинските територии продолжија нападите од воздух, артилерискиот оган и судирите.
Израелската армија денеска им нареди на жителите на Ал-Бурејџ во централниот дел на Газа веднаш да заминат на југ, навестувајќи дека тоа ќе биде во фокусот на нови напади по уништувањето на северот и многубројните упади на југот.
Министерството за здравство во Газа, со кое управува исламскиот Хамас, соопшти дека во претходните два дена биле убиени 390 Палестинци, а 734 биле ранети, додека немало комуникација.
Малку подоцна беше објавено дека двајца Палестинци се убиени, а повеќемина се ранети во напад со беспилотно летало на бегалскиот камп Ал-Бурејџ, пренесе Ал Џезира.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.