Чешкиот министер за надворешни работи, Јан Липавски, објави дека го посетил Израел, велејќи дека тој е првиот странски политичар што го направил тоа од почетокот на нападите на Хамас.

Сакав оваа посета да потврди дека Чешка целосно го поддржува Израел. Израел е еден од нас, нападите и киднапирањата од радикални Палестинци се напад врз сите нас“, се вели во писмената изјава на министерот Липавски.

Чешкиот министер беше во регионот за да присуствува на состанокот меѓу Европската Унија и Советот за соработка во Заливот во Оман.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.