Според Националната метеоролошка служба на САД, во Лас Вегас вчера попладне се измерени рекордни 48.8 степени Целзиусови. Таа цифра е од мерна станица на меѓународниот аеродром Хари Рид од околу 17 часот по локално време. Со тоа е „соборен“ рекордот од 47,2 степена.

Официјалните лица наведуваат дека досега во тој американски град биле измерени високи теператури во 2021, 2017, 2013, 2005 и 1942 година.

На социјални мрежи и на налогот на Националната метеоролошка злужба се прикажани фотографии од инфрацрвен термометар што ја покажува температурата во внатрешност на автомобил на сонце од 217 степени Фаренхајти (102,8 степени Целзиусови).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.