Најмалку едно лице загина, а неколку се повредени во голем пожар што избувна денеска во повеќекатница во Рим, јавија локалните медиуми. Пожарникарите пронашле мртов маж на скалите од станбена зграда, јави новинскaта агенции АНСА.

Пожарот избувнал во зграда во квартот Коли Агниене на североистокот од главниот град на Италија, соопшти противпожарната служба.

Според медиумите, неколку лица се повредени и пренесени во болница со изгореници и отежнато дишење.

Пожарот зафатил седум од осум ката на зградата, која беше во фаза на реконструкција.

Пожарот наводно избувнал на скелето пред зградата. Фотографиите и видеата од пожарникарите покажуваат густ црн чад кој се издигнува на небото.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.