Почнаа да пристигнуваат резултатите од гласањето на претседателските избори во САД.Од она што досега се знае е дека Доналд Трамп ја освојува и Џорџија, која носи 16 електорски гласови
Според проекциите на Си-Ен-Ен, Камала Харис ќе победи во Ново Мексико, што носи пет електорски гласови. Таа на тој начин ќе ја намали предноста на Трамп и ќе има 187 електорски гласови, додека поранешниот претседател ќе има 246.
Камала Харис засега нема да се обрати на Универзитетот Хауард, како што беше претходно најавено.
„Има уште гласови за пребројување. Имаме уште држави каде резултатот не се знае. Ќе продолжиме во текот на ноќта да се бориме секој глас да се брои, секој глас да се брои. Значи, нема да слушнете од потпретседателот вечерва, но ќе се обратите утре“, рече Седрик Ричмонд, вториот човек во кампањата на Камала.
Засега Доналд Трамп води во Алабама, Арканзас, Флорида, Индијана, Кентаки, Луизијана, Мисури, Мисисипи, Монтана, Северна Дакота, Небраска, Охајо, Оклахома, Јужна Каролина, Јужна Дакота, Тенеси, Тексас, Јута, Западна Вирџинија, Вајоминг, Канзас, Ајова, Ајдахо, Северна Каролина.
Камала Харис има поголема поддршка во Колорадо, Конектикат, Делавер, Илиноис, Масачусетс, Мериленд, Њу Џерси, Њујорк, Род Ајленд, Вермонт, Дистрикт Колумбија, Калифорнија, Вашингтон, Орегон, Ново Мексико, Вирџинија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.