Во германската покраина Бранденбург денеска се одржуваат избори, три недели откако екстремно десничарската партија АФД освои уште две покраини во источна Германија.

Околу 2,1 милион луѓе се регистрирани да гласаат за новиот државен парламент во Бранденбург, а изборите внимателно се следат за да се види политичката насока на земјата.

Последните анкети покажаа дека екстремно десничарската Алтернатива за Германија речиси со иста поддршка како и социјалдемократите, партијата која владее со Бранденбург од обединувањето на Германија во 1990 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.