Коалицијата на германскиот канцелар Олаф Шолц доживеа пораз на изборите за Европскиот парламент. Социјалдемократите (СПД) на Шолц забележаа најлош изборен резултат досега – 14%, а послаби резултати имаат и коалициските партнери Зелените со 12-12,5% поддршка, и Либералите со само 5% освоени гласови.
Излезните анкети во Германија покажуваат дека опозицискиот централно-десничарскиот блок ЦДУ/ЦСУ има убедливо водство на изборите за Европскиот парламент, а екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) е на второто место, јави ДПА.
Според анкетите на јавните радиодифузери ЗДФ и АРД, објавени веднаш по затворањето на гласачките места во Германија, блокот ЦДУ/ЦСУ освоил меѓу 29,5% и 30%, АфД меѓу 16% и 16,5% од гласовите.
Новооснованата популистичка партија Алијанса на Сара Вагенкнехт (БСВ) освоила околу 6% од гласовите.
Со 84,4 милиони жители, Германија е најголемата членка на Европската унија, а нејзините 65 милиони гласачи избираат 96 пратеници во 720 члениот Европскиот парламент.
Фото: ЕПА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.