Подоцните и подолги лета, како и поблагите зими во Италија ги натераа двата најголеми трговци со облека да побараат сезоната на попусти да се одложи за неколку недели.
Трговците со облека често ги намалуваат цените на непродадената облека за да ги испразнат полиците за претстојната сезона. За почетокот на сезонските попусти во Италија одлучуваат регионалните власти по консултација со малопродажните здруженија.
Трговците обично почнуваат со попуст на летната облека на почетокот на јули, а на зимската облека на почетокот на јануари.
„ОВС“ (OVS) и „Пианофорте холдинг“ (Pianoforte Holding) објавија дека овогодинешната летна продажба треба да се одложи за неколку недели, бидејќи клиентите го одложуваат купувањето на летна облека поради обилните дождови.
Сезоните се сменија и мораме да го приспособиме календарот на продажба со новите климатски обрасци“, вели извршниот директор на „Пианофорте холдинг“, Џанлуиџи Чимино.
Тој побара летната распродажба да се одложи до средината на јули.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.