Голема операција за пребарување и спасување се уште е во тек во Атлантикот откако исчезна туристичка подморница со пет лица, која требаше да нурне до потонатиот брод Титаник. Американската и канадската крајбрежна стража бараат мала туристичка подморница со пет луѓе.
Контактот бил изгубен 1 час и 45 минути по нејзиното нуркање, соопшти американската крајбрежна стража. Операцијата се води од Бостон. Билетите за осумдневно патување кое вклучува возење со брод до местото на потонувањето на Титаник и нуркање со подморница на длабочина од 3.800 метри чинат 250.000 долари. Снабдувањето со кислород би можело да трае најдоцна до четврток наутро.
Професорот по морски инженеринг на Универзитетот во Лондон, Алистер Грег, има две теории за тоа што би можело да се случи со подморницата.
Едната можност е дека имало проблем со електрониката или комуникациите, а другата е дека имало продор на вода во подморницата. „Во тој случај прогнозите не се добри“, рече тој.
Океанологот д-р Сајмон Боксал од Универзитетот во Саутемптон изјави за Press Association дека исчезнатата подморница испратила сигнал за помош.
Ова е информација од втора рака, но колку што разбрав е примен сигнал од подморница. Очигледно тие го добиле тој сигнал, не знам кога… Беше испратен сигнал за итен случај кој сугерираше дека подморницата е во неволја. „Не знам дали е испратено автоматски или дали е испратено од луѓето на бродот“, вели д-р Боксал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.