Во последниот извештај на Стокхолмскиот меѓународен институт за мировни истражувања (СИПРИ), кој ја следи трговијата со оружје, се наведува дека од 2017 до 2021 година трговијата со оружје во Европа е зголемена, дека земјите од Персискиот залив се водечки увозници и дека Израел останува главен играч на пазарот.

Во извештајот објавен минатиот месец се вели дека Израел учествувал со 2,4 отсто во меѓународниот извоз на оружје и воена опрема (АМЕ) меѓу 2017 и 2021 година, а главни примачи се Индија, Азербејџан и Виетнам. Сепак, извозот на оружје на Израел паднал за 5,6% во тој период во споредба со претходните пет години.

Единствените други земји на Блискиот Исток меѓу 25-те најголеми извозници на AME биле Турција (12-то), Обединетите Арапски Емирати (18-то) и Јордан (25-то).

Првите пет земји кои доминираат во светската трговија со 77% од вкупниот извоз: САД со 39%, Русија (19%), а потоа следуваат Франција, Кина и Германија во многу помала мера. Други земји во првите десет добавувачи на оружје на странските пазари биле Италија, Обединетото Кралство, Јужна Кореја и Шпанија.

Според СИПРИ, кој идентификувал 60 земји извознички на оружје во тој период, Европа и Cеверна Америка учествуваат со 87% од вкупниот извоз на оружје.

Во студијата се наведува дека во наведениот период светската трговија со оружје и воена опрема паднала за 4,6 отсто. Но, испораката на оружје за Европа се зголемила за 19% поради тензиите со Русија, а тоа се случило многу пред почетокот на воената операција во Украина. Обединетото Кралство, Норвешка и Холандија биле најголемите увозници на оружје во Европа.

САД го зголемиле својот удел на глобалниот пазар на оружје за 7% и се далеку пред Русија, вториот најголем извозник. Помеѓу 2017 и 2021 година,САД доставиле оружје во 103 земји, а повеќето од тие испораки биле борбени авиони, а потоа ракети и оклопни возила.

Најголем дел од американските испораки на воени производи бил на Блискиот Исток. Русија главно испорачувала оружје на Индија, Кина, Египет и Алжир, додека нејзиниот вкупен извоз на оружје е намален за 26 отсто, се вели во студијата.

Израел бил 14-ти најголем увозник на оружје со 1,9 отсто светски удел. 92% од израелскиот увоз доаѓа од САД, главно ловци од петтата генерација Ф-35 и и наведувани бомби,  а потоа следат испораките од Германија и Италија. Германија на Израел му доставува подморници.

Вкупниот израелски увоз скокнал за 19 отсто во однос на претходните пет години.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.