Германскиот бизнисмен и милионер Рајнер Шалер и неговото семејство биле во авионот што се урна во Карипското Море во близина на Костарика, соопшти владата.
Извор од Министерството за јавна безбедност на Костарика потврдил за АФП дека Шалер (53) и уште пет лица се на списокот на патници во авионот.
Рајнер Шалер е основач и претседател на германската компанија RSG-Group, која управува со теретаните McFit. Германскиот весник „Билд“ пишува дека тој патувал со својата партнерка, нивните две деца и уште еден маж.
Меѓу патниците во авионот се Шикорски (44) Курек 40-годишен маж и двајца малолетници, германски државјани и 66-годишниот пилот Швајцарец, според официјалниот извештај.
Во саботата во морето се пронајдени тела на возрасен човек и малолетник, кои се уште не се идентификувани.
Пронајдени се и некои предмети, меѓу кои патни торби и дел од трупот на авионот.
Авионот на приватен лет полетал од Мексико и изгубил контакт со контролната кула во Костарика во петокот околу 18 часот кај Лимон, каде требало да слета.
Синџирот на спортски сали McFit основан од Шалер е најголем во Европа – има 165 спортски сали во Германија и повеќе од 250 во остатокот од Европа.
Името на Рајнер Шалер беше споменато во врска со несреќата на фестивалот за електронска музика Love Parade во 2010 година во кој 21 лице загина, а 500 беа повредени во стампедо во бетонскиот патен тунел каде што се одржуваше настанот. Рајнер Шалер презеде „морална одговорност“ за несреќата.
Според истражување од 2019 година, нето вредноста на Шалер се проценува на околу 250 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.