Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, најави можност за почеток на преговорите меѓу Техеран и Европа, пренесуваат иранските медиуми.
Постои интерес на европските земји за почеток на преговорите и веројатно ќе се случи тоа, рече тој.
Аракчи, исто така, ги негираше тврдењата дека иранскиот амбасадор во Обединетите нации имал средба со извршниот директор на „X“, Илон Маск во Њујорк.
Весникот „Њујорк тајмс“ вчера објави дека Маск во понеделникот наводно имал средба со иранскиот амбасадор во ОН.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.