Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, порача дека Техеран го задржува правото да одговори на минатомесечните ираелски воздушни напади врз Иран, но ги зема предвид и другите случувања во регионот, како што е договорот за прекин на огнот во Либан.

Арагчи во Лисабон изјави дека Иран го поздравува договорот и се надева дека ќе доведе до траен прекин на огнот.

Израел нанесе удари на цели во Иран на 26 октомври.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.