Иранскиот Американец Сијамак Намази започна седумдневен штрајк со глад за да го сврти вниманието на неговиот континуиран притвор во Иран, а истовремено го повика американскиот претседател Џо Бајден да ги врати дома сите Американци кои се затворени во Иран, пишува Дојче веле.

Намази беше уапсен во 2015 година и осуден, за како што рекоа САД и Обединетите нации, лажни обвиненија за шпионирање.

Неговата жалба денес дојде во форма на писмо до Бајден, објавено од адвокатот на Намази, Џаред Генсер, на седмата годишнина од договорот во кој Иран ослободи пет Американци во замена со САД да им понудат помилување на седум Иранци. Таа размена се совпадна со спроведувањето на иранскиот нуклеарен договор, во време кога Бајден беше потпретседател на САД.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.