Според министерот за економија и финансии на Иран, Ехсан Кандузи, обемот на иранската надворешна трговија за деветмесечниот период од 21 март до 22 декември 2023 година изнесува 112 милијарди долари.

Според Кандузи, таквиот обем на надворешната трговија на Иран претставува зголемување од 7 отсто во споредба со истиот период минатата година.

Кандузи додава дека Царинската управа на Исламската Република Иран (ИРИКА) во својот извештај за првпат го објавила месечниот извештај за надворешната трговија, вклучувајќи го извозот на нафта, електрична енергија, технички и инженерски услуги.

Во извештајот се наведува дека извозот на Иран го надминал увозот за 15 милијарди долари (трговски суфицит).

Од земјава се извезени нафта и други производи во вредност од над 63 милијарди долари, а во тој период се увезени стоки во вредност од над 48 милијарди долари“, изјави иранскиот министер за економија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.