Иран развива суперсонична крстосувачка ракета што сè уште се наоѓа во фаза на тестирање, објави денеска државната агенција Тасним.

Ракетата е дизајнирана и произведена од ирански експерти, откако иранските власти ја добиле технологијата за изградба на суперсонична крстосувачка ракета.

Суперсоничната ракета ќе отвори ново поглавје во иранските одбранбени технологии бидејќи е исклучително тешко да се пресретне крстаречка ракета која лета со суперсонична брзина, наведува иранската агенција.

Оттаму додаваат дека развојот на суперсонична ракета во голема мера ќе ја зголеми моќта на одговор на Иран во случај на каков било воен конфликт, како и дека ќе спречи потенцијален напад од страна на инвазиски сили. сд/

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.