– Израелски цивил бил уапсен минатиот месец под сомнение дека бил регрутиран од Иран за да изврши атентат врз израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, министерот за одбрана Јоав Галант или шефот на безбедносната служба Шин Бет, Ронен Бар, соопштија денеска Шин Бет и полицијата.
Претставници на Шин Бет и полицијата информираа дека осомничениот двапати бил прошверцуван во Иран и дека добил пари за мисијата, пренесува Тајмс оф Израел. Осомничениот, кој не е именуван, денеска е обвинет.
Истрагата покажала дека израелскиот цивил, кој е евреин и бизнисмен, долго време живеел во Турција каде што воспоставил деловни и социјални односи со турски и ирански државјани.
Во април 2024 година, осомничениот прифатил да се сретне со богат бизнисмен по име Еди од Иран, со помош на двајца Турци, Андреј Фарук Аслан и Џунејд Аслан.
Тој отпатувал во турскиот град Самандаг, во близина на Сирија, и се сретнал со двајца претставници испратени од ирански бизнисмен, пишува Шин Бет. Во Самандаг, Израелецот и Иранецот разговарале по телефон, а во мај, според Шин Бет, осомничениот отпатувал во Турција за да се сретне со Андреј, Џунаид и двајца познаници на Еди.
Откако иранскиот бизнисмен повторно не можел да го напушти Иран и да отпатува во Турција, Израелецот бил прошверцуван во Иран во близина на источниот турски град Ван, каде што се сретнал со Еди и друго лице по име Кваџа, кое се идентификувало како член на Иранските безбедносни сили.
За време на тој состанок, Еди му предложил на осомничениот да изврши различни мисии во Израел за иранскиот режим, вклучително и испраќање пари или пиштоли на одредени локации, фотографирање јавни површини и заканување на израелските цивили кои исто така дејствувале во име на Иран и не успеале да ги извршат своите, тврди Шин Бет.
Израелецот се сретнал со иранските разузнавачи во куќата на Еди, кои побарале од него „да ги унапреди подготовките за атентат“ против премиерот Нетанјаху, Галант или Бар. „Шин Бет“ соопшти дека иранските власти ги планирале убиствата како одмазда за убиството на политичкиот лидер на Хамас Исмаил Ханије во Техеран во јули, за што го обвинија Израел.
Според истрагата, пред по вторпат да го напушти Иран, на Израелецот еден од иранските разузнавачи му дал 5.000 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.