Во екот на тензиите што ја зафатија пошироката област на Блискиот Исток поради продолжувањето на израелската војна против Хамас и окупацијата на Појасот Газа, Иран ја одбележува 45-годишнината од Исламската револуција почната во 1979 година од ајатолахот Хомеини.

Низ целата земја, илјадници Иранци продефилираа низ главните градски улици и плоштади украсени со знамиња, балони и транспаренти со револуционерни и верски пароли.

Во Техеран, толпа граѓани вееја ирански знамиња, извикуваа слогани и носеа плакати со вообичаените пораки „Смрт за Америка“ и „Смрт за Израел“. Некои учесници на уличните паради палеле знамиња на САД и Израел, што е вообичаена практика на сите провладини собири, а силно обезбедување беше присутно во сите поголеми градови во Иран.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.