Иранскиот претседател Ебрахим Раиси изјави дека официјален Техеран не се надева на тековните преговори во Виена, кои имаат за цел да го оживеат нуклеарниот договор постигнат меѓу Иран и шесте светски сили во 2015 година.

Ние ги имаме нашите надежи на истокот, западот, северот и југот на нашата земја, а немаме надеж во Виена и Њујорк – посочи Раиси во телевизиското обраќање по повод 43-годишнината од Иранската револуција во 1979 година.

Тој порача дека Иран ќе се потпре на домашниот економски потенцијал, наместо да очекува поддршка од странство и од нуклеарните преговори со светските сили.

Иран и САД ги продолжија индиректните разговори во австриската престолнина на 8 февруари по 10-дневна пауза, но не е познато дали преговарачите се поблиску до решавање на различни прашања.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вчера изјави дека има уште долг пат до обновувањето на нуклеарниот договор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.