Иранското министерство за надворешни работи ги отфрли критиките на Франција, Германија, Велика Британија и САД во врска со забрзувањето на производството на високо збогатен ураниум во земјата и наведе дека тоа е дел од мирољубивата нуклеарна програма.
Збогатувањето на ураниум до 60 проценти чистота во погоните во Иран отсекогаш било и ќе продолжи да биде во согласност со мирољубивите потреби на земјата и целосно под надзор на Меѓународната агенција за атомска енергија, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Насер Канани.
Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во вторникот соопшти дека Иран го
зголемил темпото на збогатување ураниум до 60 отсто чистота од 3 на 9 килограми месечно. Во средата, директорот на иранската нуклеарна програма за мирољубиви цели, Мохамад Еслами, изјави дека неговата земја „не прави ништо ново“ во овој поглед, туку едноставно дека претходно имало одложување на процесот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.