Фудбалерот на Манчестер Сити, Олександр Зинченко не можеше да се воздржи по случувањата во неговата татковина, па се одзва на социјалните мрежи со порака до рускиот претседател Владимир Путин, по што мораа да реагираат од „Инстаграм“ и истата порака да ја повлечат.

„Се надевам дека ќе умреш на најболен можен начин, чудовиште“ гласеше пораката на фудбалерот на Манчестер Сити на социјалната мрежа „Инстаграм“ која потоа беше избришана од самата платформа.

„Целиот цивилизиран свет е загрижен за ситуацијата во мојата земја, не можам само да седам настрана и да гледам што се случува, тоа е мојата земја, земјата каде сум роден, каде растев, земја за чии бои јас настапувам, мојата земја припаѓа на Украинците, никој не смее тоа право да ни го одземе“ потоа реагираше самиот Зинченко во емотивно обраќање на социјалните мрежи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.