Контроверзниот инфлуенсер Ендрју Тејт во Романија е обвинет за силување, трговија со луѓе и формирање на организирана криминална група за сексуална експлоатација на жени.
Обвинети се и неговиот брат Тристан и двајцата соработници. Сите ги отфрлија обвинувањата, јавува Би-Би-Си.
Браќата Тејт беа уапсени во нивната куќа во Букурешт во 2022 година, додека на 31 март беа префрлени во домашен притвор по одлука на романски судија.
Во обвинението доставено до судот во Букурешт, се наведува дека четворицата обвинети во 2021 година формирале организирана криминална група за шверц на луѓе во Романија, но и во други земји, меѓу кои и САД и Британија.
Именувани се седум жртви за кои се вели дека биле намамени од браќата на Тејт со лажни ветувања за љубов и брак.
Судењето се очекува да трае неколку години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.