Европската централна банка и други креатори на монетарната политика низ Европа треба да ги задржат каматните стапки на сегашното, повисоко ниво, додека не бидат сигурни дека инфлацијата е под контрола, соопшти Меѓународниот монетарен фонд, предупредувајќи дека не е добро „прерано да се слави“ тоа што инфлацијата, откако го достигна врвот, опаѓа.
ММФ со седиште во Вашингтон оцени дека цената на потценувањето на постојаноста на инфлацијата би можела да биде болно висока и да резултира со уште една болна рунда на нејзино зголемување, која би можела да ѝ го одземе растот на економијата.

Европската централна банка, Банката на Англија и други централни банки, кои не се дел од еврозоната, „го достигнаа врвот со каматните стапки, додека некои почнаа да ги намалуваат референтните стапки“, наведе ММФ во својата проценка на економските изгледи за Европа која се објавува два пати годишно.

Сепак, продолжен e рестриктивниот, кој и понатаму е неопходен за да се обезбеди враќање на целната стапка на инфлација, се наведува во документот.

Историски гледано, потребни се во просек три години за инфлацијата да се врати на пониско ниво, додека некои антиинфлаторни мерки траеле и подолго, соопшти ММФ.

Инфлацијата во еврозоната го достигна врвот од 10,6 отсто во октомври 2022 година, а сега е на 2,9 отсто.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.