Сè повеќе инциденти има во супермаркетите во Германија, пренесува германскиот весник „Билд“. Се наведува дека во областа Асперг кај Штутгарт, еден инцидент морал да заврши со интервенција на полицијата.

Дошло дури и до смртни закани, пишува „Билд“.

Квагата за зејтин ескалирала во супермаркет во близина на Штутгарт. Според германската полиција, група од пет лица во продавница во Асперг сакале да купат повеќе шишиња масло отколку што дозволувал сопственикот.

Поради големата побарувачка за масло за јадење, многу продавници моментално ја ограничуваат продажбата на масло за јадење по клиент. Меѓутоа, бидејќи биле спречени да ја купат количината што ја сакале, двајцата муштерии прво викале по 43-годишниот сопственик и касиер, а потоа вербално се заканиле со насилство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.