Неколку луѓе загинале и се повредени во пожарот што изби при руското заземање на нуклеарната централа Запорожје, соопшти украинското министерство за надворешни работи.

Првично, утринава беше соопштено дека немало повредени ниту загинати.

Од Министерството додаваат дека работниците ја следат работата на нукеарката за да обезбедат се да биде во ред и дека нивото на радијација во моментов е на нормално ниво.

Во сооопштението се додава дека доколку биде прекинат процесот на ладење на нуклеарното гориво во електраната би можело да дојде до голема несреќа.

Илјадници луѓе, вклучувајќи ги цивилите кои во моментов не се во можност да се евакуираат од подрачјето во близина на еектраната би биле засегнати – се наведува во соопштението.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.