Татко си ги убил трите ќерки, па се пријавил самиот во полиција. Семејната драма се случила попладнево во семејниот дом во регионот Алфорвил во Париз.
Девојчињата на возраст од 5, 10 и 11 години се пронајдени со убодни рани.
Околностите под кои се случила трагедијата се уште не се познати.
Таткото ѝ е познат на полицијата како вршител на семејно насилство, но и за напад врз 15-годишник, за што е осуден во 2021 година и добил забрана за пристап на сопругата и ќерките.
Полицијата се уште трага по мајката, за која се стравува дека исто така претрпела насилство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.