Руските сили започнаа контранапад во областа Курск, која Украинците ја нападнаа на почетокот на август, откако претседателот Владимир Путин нареди да се врати територијата. Според информациите на „Форбс“, Путин им наредил на војниците до 1 октомври да ги протераат Украинците од Курск.
Во ненадеен потег на 6 август, силните украински сили – кои до крајот броеја околу десетина баталјони со по 400 војници – ја пробија одбраната долж границата во близина на руската област Курск. Во тензичните неколку недели пред да се стабилизира фронтот, Украинците претепаа слабо обучени руски регрути и заробија над 1.300 квадратни метри од областа Курск и 100 населби.
Ова го стави Путин под притисок – изјави британскиот министер за одбрана Џон Хили.
Како што пишува „Форбс“, Путин му наредил на Кремљ да го врати Курск до 1 октомври, а во средата руските трупи послушно започнале контранапад долж западниот раб на украинската стража. Доколку оваа мисија не се исполни до 1 октомври, Русија ќе ги насочи сите сили на Курск, што може да доведе до масакр.
Официјално започна руската контраофанзива за протерување на Украинците од областа Курск – изјави во објава на „Икс“ финскиот аналитичар Јони Аскола.
Руското Министерство за одбрана потврди дека нивните сили започнале контраофанзива против украинските војници во областа Курск, откако информацијата првично беше објавена од воени блогери. Проукраинските блогери објавија и тешки борби во дел од окупираната руска територија. Истото го потврди и украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Генералштабот на Украина не ги коментираше операциите во Курск, наведувајќи само дека Русија одржува „воено присуство“ на границата со регионот Суми што се граничи со Курск, изведувајќи воздушни напади и гранатирајќи гранични населби.
Ситуацијата може да прерасне во лошо контролирана криза – изјави тој на „Телеграм“, додавајќи дека украинските сили немаат соодветна координација во областа и се неорганизирани.
Две работи се јасни. Украинците треба да ја зајакнат линијата на фронтот на исток и ќе се обидат да ја задржат територијата во Курск, изјави британскиот министер за одбрана Џон Хили.
Но, останува нејасно дали Украинците можат да ги постигнат двете цели со силите што ги имаат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.