Кина ќе го претстави системот за противракетна одбрана ХК-19, на големата воена изложба во Жухаи.
Овој систем за противракетна одбрана е дизајниран да пресретнува балистички ракети со среден дострел на растојание од 1.000 до 3.000 км. Според медиумите, „ХK-19“ е во класа на американскиот систем „ТААД“ (THAAD).
Како и неговиот американски ривал, кинеската ракета-пресретнувач е опремена со глава за термичко наведување, што му овозможува да уништува цели во атмосферата и да обезбеди висока точност на наведувањето.
Од 12 до 17 ноември, кинескиот град Жухаи ќе биде домаќин на една од најголемите воени изложби на планетата со повеќе од 1.000 учесници од 47 земји.
Ова е најголемиот форум за оружје во светот, кој се одржува надвор од влијанието на земјите од НАТО и нивните сојузници, а во рамките на овој форум ќе може да се видат настани кои не можат да се видат никаде на друго место освен во Жухаи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.