Американскиот милијардер Илон Маск и група стручњаци за вештачка интелигенција (ВИ) бараат шестмесечен прекин на системите за обука. Во отвореното писмо тие наведуваат дека овие системи се помоќни од неодамнешното лансирање на понапредната верзија на четботот „Чет-ГПТ“ на „Опен АИ“.
Писмото е потпишано од над 1.000 луѓе, меѓу кои и Маск, натаму – Емад Мостак, извршен директор на „Стабилити АИ“ и истражувачот од „Дипмајнд“, Стјуарт Расел. Тие повикуваат на пауза во развојот на напредна ВИ додека прво не се развијат заеднички безбедносни протоколи. Се наведува и дека ВИ може да доведе до економски и политички нарушувања. Аналитичарите ги повикаа програмерите да соработуваат со креаторите на политики и регулаторните органи.
– Писмото не е совршено, но намерата е правилна. Треба да забавиме додека подобро не ги разбереме последиците. ВИ може да предизвика сериозна штета, големите играчи стануваат сѐ повеќе и потаинствени за она што го прават. Ова ги отежнува можностите – општеството да се брани од штетата што може да се случи, рече Гери Маркус, почесен професор на Универзитетот на Њујорк кој го потпиша отвореното писмо.
„Моќните системи за ВИ треба да се развиваат само кога ќе бидеме сигурни дека нивните последици ќе бидат позитивни и дека опасностите ќе може да се управуваат“, се вели во писмото.
И Европол се приклучи кон оние кои пројавија загриженост во етичка и правна смисла. Тие предупредуваат на можна злоупотреба на ВИ, т.е. обиди за кражба на идентитет, дезинформации и киберкриминал.
Инаку, и „Тесла“ на Маск користи вештачка интелигенција во автомобилите со самоуправување.
„Опен АИ“, компанија поддржана од „Мајкрософт“, и создавач не „Чет-ГПТ“ ги поттикна конкурентите да го забрзаат развојот на слични големи јазични модели. Сем Алтман, извршен директор на „Опен АИ“, не го потпиша писмото
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.