Американскиот милијардер и сопственик на „СпејсИкс“, Илон Маск, соопшти дека компанијата го повлекла барањето упатено до Пентагон да го преземе финансирањето на сателитскиот комуникациски систем „Старлинк“ во Украина.
„СпејсИкс“ веќе го повлече своето барање за финансирање, напиша Маск во објавата на Твитер, коментирајќи ја статијата објавена од „Политико“.
„Политико“ повикувајќи се на свои извори, вчера објави дека Пентагон ја разгледува можноста за независно финансирање на „Старлинк“ во Украина.
Американската телевизија „Си-Ен-Ен“ минатата седмица објави дека „СпејсИкс“ испратиле писмо до Министерството за одбрана на САД во кое го известува дека ќе престане да плаќа за работата на системот „Старлинк“ во Украина и бара од Пентагон да ги преземе понатамошните трошоци за финансирање на функционирање на системот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.