Неколку илјади луѓе денеска се собраа во Берлин на пропалестински демонстрации, многу од нив носеа транспаренти и постери со кои се осудуваат нападите на Израел врз Газа.

Како што јави ДПА, еден транспарент го обвинувал Израел за „геноцид“, а други ја критикуваа поддршката на германската влада за Израел.

Многу луѓе носеа палестински знамиња, а демонстрантите постојано извикуваа „Вива, Вива Палестина“ или „Ослободете ја Палестина“.

Собирот беше организиран од поединец, под името „Global South United!“ соопшти локалната полиција.

На митингот беше распореден голем полициски контингент, заедно со преведувачи за да се спречи можно ширење на криминална содржина од учесниците на странски јазици, како што е арапскиот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.