Илјадници жени излегоа на протест во центарот на Монтевидео против сексуалното насилство. Тие ја осудија „културата на сексуално злоставување“ во Уругвај откако 30-годишна жена беше групно силувана.
Извикувајќи „Не, не“, „Ова не е презумција, ова е силување“ и „Нека гори“, учесничките во протестите организирани од феминистичките организации ширум земјата, почнаа голем марш во главниот град по неколку случаи на сексуално насилство извршени во изминатите денови.
Една жена пријавила дека била силувана од група мажи во стан во Монтевидео, каде претходно заминала со еден од нив по средба во ноќен клуб и со кого имала сексуален однос на заедничка согласност. Но, потоа уште најмалку три лица дошле во станот и ја силувале жената со соучесништво на мажот со кој првично заминала во станот.
Силувањето било потврдено при лекарски преглед. Наложени се ДНК анализи за да се потврди одговорноста на наводните напаѓачи, кои се повикани на суд.
Културата на силување е постојано да се вели дека мажите имаат „потреби“ или „сексуални нагони“ кои не можат да ги контролираат. Секојдневно се соочуваме со зборови кои нагласуваат страв, молчење и сомнеж – велат феминистичките организации во заедничкото соопштение, повикувајќи за подобро сексуално образование и преземање конкретни дејствија од страна на државата за заштита на жените.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.