Илјадници вработени во транспортниот сектор излегоа на протест во Мадрид поради поскапувањето на горивото.

Според агенцијата ЕФЕ, демонстрантите се собрале пред влезот на Министерството за транспорт и покрај предлозите на властите насочени кон решавање на проблемот.

Платформата за заштита на транспортниот сектор штрајкуваше на 14 март поради поскапувањето на бензините и дизелот. Од организацијата соопштија дека сега демонстрираат во Мадрид со цел да и помогнат на Владата „да се замисли за илјадниците семејства“ што таа ги претставува.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.