Американска калуѓерка од сестринскиот ред на Свети Јосиф од Карондел, која била и директорка на католичко училиште во Торанс, јужно од Лос Анџелес во Калифорнија, е осудена на една година затвор поради финансиска злоупотреба.
Калуѓерката Мери Маргарет Кропер пренасочила повеќе од 800.000 долари од касата на приватното католичко училиште, а со тие пари играла во казино и ги користела на скапи одмори.
Одбраната на обвинетата се изјасни дека сестрата Мери била зависна од коцкање.
Кога надбискупијата во Лос Анџелес побарала образложение од сестрата, таа рекла дека, бидејќи свештениците се подобро платени од калуѓерките, таа требало да добие повишување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.