Запирање на автомобил за да можат пешаците да поминат на пешачки премин е дел од културата на возење, но пред сè е обврска регулирана со сообраќајните прописи.
Но, што ако возачите не ги почитуваат правилата и возачката култура не им е позната?
Во Сан Франциско, возачите често не го следат ова правило. Затоа полицијата поведе интересна иницијатива која се одвива на пешачки премини.
Имено, полицијата во Сан Франциско одлучи да ги казни возачите кои не застануваат на пешачки премини со употреба на упадливи костими.
Ако видите џиновска кокошка на пешачки премин и не застанете, ќе добиете парична казна. Затоа што има полицаец во костум на кокошка кој го известува својот колега, кој е малку подалеку од преминот, дека возачот не застанал.
NEW: The San Francisco Police Department is dressing up as inflatable chickens to catch speeding drivers going through crosswalks.
The officers are giving out citations to those who don't stop for the chicken crossing the road.
The gig is paying off as the department has… pic.twitter.com/b9U7ekBZXP
— Collin Rugg (@CollinRugg) September 21, 2024
Секако после тоа следи прекршочна пријава.
„Ако возачите не забележат некој облечен во џиновски костум од кокошка, тогаш тие навистина имаат проблем“, вели поручникот Џонатан Озол.
Очигледно, по лансирањето на оваа кампања, возачите сепак возат повнимателно. Ако ништо друго, ќе забават за да видат што прави џиновското шарено пиле на пешачкиот премин.
Казните за непропуштање на пешаците на пешачки одат и до 400 долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.