САД го завршија повлекувањето од последната база во Нигер – онаа во Агадез.
Повлекувањето дојде набргу откако Нигер ја одбележа првата годишнина од воениот удар. Воениот режим тогаш побара од американската војска да ја напушти земјата.
Веста за повлекувањето ја потврди американската команда во Африка.
На почетокот на јули американската војска во друга база – во Ниамеј, ја напушти африканската земја.
Повлекувањето од базата Агадез почна во мај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.