Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун се расплака на неодамнешниот состанок со жените, каде што повика на напори за борба против опаѓањето на наталитетот во земјата.

На снимката, која се прошири на социјалните мрежи, може да се види Ким Џонг-ун како гледа надолу и ги брише солзите од лицето.

Спречувањето на падот на наталитетот и добрата грижа за децата се наши домашни обврски што мораме да ги извршуваме додека работиме со мајките“, порача Ким.

Ова се случило на Националниот состанок на мајките организиран во Пјонгјанг. На митингот, Ким Џонг-ун ги повика жените да раѓаат повеќе деца „за доброто на партијата, револуцијата и на целата земја“.

Заблагодарувајќи им се на мајките за нивната улога во зајакнувањето на националната моќ, Ким Џонг-ун рече:

Секогаш мислам и на мајките кога ми е тешко да се справам со партиската и државната работа“.

Фондот за население на Обединетите нации ја проценува стапката на фертилитет во Cеверна Кореја на 1,8 во услови на долгорочен пад на стапката во последните децении. Ова е повеќе во однос на некои соседни земји. Во Јужна Кореја, стапката на фертилитет падна на рекордно ниско ниво од 0,78 минатата година.

Стапката на фертилитет во Јапонија падна на 1,26.

Cеверна Кореја има околу 25 милиони жители. Изолираната земја се соочува со сериозен недостиг на храна поради смртоносниот глад во 1990-тите и други природни катастрофи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.