Говорот на Грета Тунберг на големиот протест за климата во Амстердам вчера беше прекинат од маж кој упадна на бината.
Човекот рече дека „дошол овде за демонстрации за климата, а не за политички ставови“ додека се обидувал да го одземе микрофонот од рацете на Грета Тунберг.
No climate justice on occupied land,”
chants Greta Thunberg alongside the crowd at a “climate demonstration”. pic.twitter.com/Ez5zdrz4di
— Visegrád 24 (@visegrad24) November 12, 2023
Непосредно пред инцидентот, од толпата се слушнаа извици „Палестина ќе биде слободна“. Претходно на собирот, организаторите го прекинаа говорот на една активистка откако таа ја употреби фразата „Од реката до морето, Палестина ќе биде слободна“, пренесува новинската агенција Ројтерс.
Многу еврејски групи велат дека слоганот, користен на протестите ширум светот, е повик за уништување на Израел. Пропалестинските активисти тврдат дека повеќето луѓе кои го користат бараат да се стави крај на израелската окупација на Западниот Брег и блокадата на Газа, а не на елиминација на самиот Израел.
Откако човекот беше отстранет од бината, Тунберг се придружи на толпата во скандирањата: „Нема климатска правда во окупирана земја“.
Минатиот месец, шведската активистка за климата беше на удар на критики откако сподели пропалестински пораки на социјалните мрежи, при што некои ја обвинија дека не покажува поддршка за израелските жртви на нападите на Хамас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.