Една жена ја загубила ногата откако била повлечена од подвижната лента на аеродромот во Бангкок. 57-годишната патничка патувала со лет од меѓународниот аеродром Дон Муанг до тајландската провинција Након Си Тамарат.

Во шокантната несреќа, таа се сопнала преку својот розев куфер и механизмот на подвижната лента го зафатил нејзиното стапало, со што и ги скинал мускулите, тетивата и коската.

Другите патници, видно вознемирени од глетката, се обиделе да го притиснат прекинувачот за итни случаи додека машината продолжила да и ја дроби ногата.

Медицинскиот тим на крајот морал да и ја ампутира левата нога над коленото, соопштија аеродромските власти.

Потоа патничката била префрлена во болница во главниот град.

Медицинскиот тим во болницата изјавил дека патичката првично била испратена во Карун каде и било кажано дека не можат повторно да и ја „закачат“ ногата, но жената побарала да биде префрлена во друга болница за второ мислење.

Аеродромските власти наредија истрага за да се утврдат причините за несреќата, пренесува „Дејли мејл“.

На куферот што лежел во нејзина близина недостасувале две тркала, а на лице место се забележани и скршени делови од постојката што го покрива делот каде завршува подвижната лента.

Таа автоматска патека веднаш е затворена за патници додека инженерски тим врши инспекции и безбедносни проверки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.