Либанската шиитска група Хезболах соопшти дека Ахмед Вахби, висок командант кој ги предводеше воените операции на нивните специјални сили Ар Радван во војната во Газа до почетокот на оваа година, бил убиен во израелски воздушен напад во предградие на Бејрут.

Хезболах ги објави имињата на 14 нејзини членови кои беа убиени во нападот.

Израелската армија синоќа објави дека го убила главниот командант на Хезболах, Ибрахим Акил и другите шефови на специјалните сили на движењето – „Ар Радван“ во напад во јужниот дел на Бејрут.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.