Либанската милитантна група Хезболах денеска истрела повеќе ракети кон северот на Израел, од кои неколку погодија станбени објекти во Кармиел и Деир ал-Асад.

Според израелските власти, десет лица се примени на лекување поради шок, без физички повреди, пренесува Си-Ен-Ен.

Неколку противпожарни екипи се распоредени за да интервенираат ако е потребно, додека осум екипи веќе се ангажирани во гаснење на пожарите во близина на градот Рош Пина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.