Група европски земји предводени од Полска тајно го повикуваат украинскиот претседател Володимир Зеленски да го прекине конфликтот, дури и по цена на негова оставка, објави американскиот новинар и добитник на Пулицерова награда Сејмур Херш.

Таа група ја предводи Полска. Таа тајно го повикува Зеленски да најде начин да го прекине конфликтот – дури и ако тоа значи дека треба да поднесе оставка, напиша Херш на платформата „Субстак“.

Како што додаде, во таа група земји спаѓаат балтичките и источноевропските земји, поточно Унгарија, Литванија, Летонија и Естонија.

Според Херш, украинскиот претседател не се согласува со тоа и почнува да ја губи поддршката од соседите.

Тој исто така објави дека американскиот претседател Џозеф Бајден добива нецелосни разузнавачки информации за украинскиот конфликт.

Ми рекоа дека некои од најдобрите разузнавачки информации за војната не доаѓаат до претседателот, тврди Херш.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.