Американската потпретседателка и претседателски кандидат на демократите на изборите на 5 ноември во САД, Камала Харис, синоќа изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин за да разговара за војната во Украина, доколку на таа средба не бидат присутни и претставници на Киев.
Доколку биде избрана за претседател, средбата со рускиот претседател „нема да се одржи билатерално, без Украина“, изјави Камала Харис гостувајќи во емисијата „60 минути“’ на телевизијата за Си-Би-Ес.
-Украина е таа која се прашува за иднината на Украина, рече таа.
Украина е загрижена за можното губење на американската поддршка во случај на победа на Доналд Трамп, кој редовно ги осудува големите издвојувања на Вашингтон за Киев од 2022 година
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.