Тотален хаос се случува во Брисел, каде повторно се одржуваат протести на земјоделците, кои се бунат против евтината цена на увозните производи. Фармерите ги запалиле барикадите, но со возила ги пробиле и полициските пунктови. Бриселската полиција одговорила со водени топови.
Тие се трактори влегоа во градот и според портпаролката на полицијата, Илса ван де Кир, во европскиот кварт има околу 300 трактори кои ги блокираа околните улици, пренесува „Тајмс оф Брисел“.
Агенцијата АП информира дека земјоделците направиле бетонски барикади, а околу седиштето на Европската Унија поставиле бодликава жица. Во европскиот кварт и на критичните точки се распоредени неколку стотици полицајци. Неколку патни правци, тунели и станици на метрото се затворени за сообраќај.
Министрите за земјоделство на земјите членки на ЕУ денеска ќе одржат состанок во Брисел. Земјоделците веќе неколку недели водат кампања против, како што велат, престрогите европски еколошки правила и падот на приходите и бараат ЕУ да се повлече од договорот за слободна трговија. Фокусот денеска е на договорот Меркосур со јужноамериканските земји чија цел е да дозволи поевтини производи на пазарите.
Земјоделците бараат и регулирање на пазарите за да се гарантираат стабилни и фер цени, комплетна земјоделска и прехранбена политика за поддршка на агроеколошките пракси и прилагодување на на уредбите за азот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.