Пилотите на „Eуровингс“ (Eurowings), филијала на германската авиокомпанија „Луфтханза“, го почнаа својот втор штрајк овој месец поради спорот за работните услови, со повик на синдикатот за тридневен прекин на работата.
Поради штрајкот, на аеродромот во Дизелдорф откажани се 102 од вкупно 171 лет за денеска, јави агенцијата ДПА.
Пилотите бараат да се намали максималниот број часови летање. Тие претходно организираа еднодневен штрајк на 6 октомври. Раководството на авиокомпанијата го оквалификува последниот штрајк како непропорционален и неодговорен.
Штрајковите во матичната компанија „Луфтханза“ завршија во септември, откако авиокомпанијата и синдикатот постигнаа договор за платите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.