Обилните снежни врнежи и ниските температури на аеродромот во Минхен предизвикале долготрајни одложувања и откажувања на над 100 летови, јави ДПА.
Околу 130 авиони во моментов не можат да полетаат или слетаат, изјавил портпаролот на аеродромот.
Според него, барем една од пистите на аеродромот мора да биде постојано чиста, а екипите да работат последователно на чистење на секоја писта од снег.
Патниците биле повикани да контактираат со нивните авиокомпании за да дознаат за тоа кои летови се откажани или одложени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.